Серија земјотреси близу Тирана - земјотрес регистриран и во близина на Загреб

Илустрација

Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот бил на 23 километри североисточно од Тирана, на длабочина од шест километри. Од синоќа во 20 часот и 30 минути до утринава во 6 часот и 36 минути во тоа подрачје се регистрирани седум земјотреси со јачина од 2 до 3,5 степени според Рихтеровата скала, јави Еј-Би-Си Њуз. Тресењето на земјата е почувствувано и во Тирана, но нема материјална штета

Околу 2 700 земјотреси ја погодиле западна Кина за една седмица

Утринава во 10 часот и 4 минути, земјотрес со интензитет од 2,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран и во близина на Загреб, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска. Како што е објавено на веб-страницата на таа служба, епицентарот бил во близина на Загреб, а интензитетот во епицентарот бил од III-IV степен на европската макросеизмичка скала.