Експлозија се случи во петокот во гасовод во централна Литванија што пренесува гас на северот на земјата и соседна Латвија, но нема повредени или значителни прекини во снабдувањето, јавива новинската агенција Асошиетет Прес. Балтичките медиуми јазуваат дека од експлозијата се создал пламен висок 50 метри по што била спроведена превентивна евакуација на најблиското село.
Операторот на системот за пренос на природен гас во Литванија,„ Амбер Грид“, соопшти дека експлозијата настанала подалеку од станбени згради и „според првичните податоци“ нема повредени лица.
„Пожарот го гаснат (пожарникарите кои) веднаш пристигнаа на местото на настанот“, се вели во соопштението на компанијата.
Министерот за енергија во соседна Латвија,Рајмондс Кударс, изјави дека експлозијата во Литванија досега не предизвикала проблеми со снабдувањето со природен гас во Латвија. Првичните проценки се дека причината за експлозијата е техничка грешка. Прекинатото снабдување со гас за Летонија ќе биде обновено за неколку часа. Во сабота се очекува да започнат поправките на оштетениот гасовод.
Протокот на гас низ оштетениот цевковод во областа Пасвалис веднаш беше прекинат.
„Веднаш почнавме да ги истражуваме околностите на инцидентот и да обезбедиме снабдување со гас на потрошувачите“, се вели во соопштението на компанијата.
Гасоводот носи гас од балтичкото пристаниште Клаипеда во Литванија до Латвија.
Литванија беше првата земја на Европската унија која целосно го прекина увозот на руски гас во април 2022 година, неколку недели по инвазијата. Балтичката држава увезува гас од повеќе земји преку терминалот за течен природен гас Клаипеда изграден пред една деценија. Терминалот ги задоволува сите потреби за природен гас на Литванија и дозволува испорака до соседните земји.