Четворицата затворски полицајци кои го превезувале затвореникот Беким Мемети што побегна од затворот Идризово, се суспендирани, потврди Министерството за правда за новинската агенција МИА. Одлуката за суспензија била донесена по спроведениот вонреден инспекциски надзор.
36 годишниот тетовчанец побегна кога бил превезуван со полициско комбе од затворот Идризово кон Ургентниот центар „Мајка Тераза“ при што го украл пиштолот на еден од полицајците и пукал кон него. Како што соопшти Управата за санкции, бегството настанало кога сив автомобил од марката „Ауди“ му попречило пат на полициското комбе, по што затвореникот влегол во него.
Видете и ова: Меѓународна потерница за избеганиот затвореник од ИдризовоМинистерството за внатрешни работи денеска објави меѓународна потерница за Мемети. Беким бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за трговија со дрога. По две години поминати во затвор, според пресудата казната ќе му истечела во 2040 година.
Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување. Полицијата трага и по соучесниците во бегството на 36 годишниот тетовченец.