Украинскиот парламент укина мандатите на петмина пратеници, од кои четворица се осомничени за велепредавство. Причината за овој потег била информацијата од Службата за државна безбедност и Државната миграциска служба, што укажува на тоа дека четворицата извршиле велепредавство. Украинскиот претседател Володимир Зеленски два дена претходно по информацијата од лсужбите им ги одземал државјанствата на четворица од петте пратеници. Најмалку тројца од нив во моментот се надвор од Украина.
Според украинскиот Устав, губењето на државјанството може да биде основа за одземање на пратеничкиот мандат.
Видете и ова: Рокадата на врвот на руските сили во Украина – борба за моќ или игра за јавностаЧетворицата беа избрани за членови на партијата „Опозициска платформа - за живот“, пријателска на Русија, која во моментов е забранета во Украина.
Еден од пратениците на кои им е одземено државјанството е Андриј Деркач кој е дел од украинскиот Парламент повеќе од две децении. Истражителите веруваат дека тој добил повеќе од половина милион долари од руските органи за спроведување на законот и разузнавачките агенции „за субверзивни активности против Украина во текот на 2019-2022 година“. Тој не присуствувал на парламентарни седници од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година.
Вториот пратеник Виктор Медведчук, долгогодишен украински политички приврзаник и наводно кум на ќерката на рускиот претседател Владимир Путин, беше приведен во април и предаден на Русија при размена на затвореници во септември. Третиот пратеник Тарас Козак ја напушти Украина во 2021 година.
Видете и ова: Украина вели дека „мора да биде подготвена“ на границата со БелорусијаИстражителите на претходна постапка велат дека четвртиот пратеник Ринат Кузмин „доставувал пропагандни материјали на штета на Украина“ во медиумите. Петтиот пратеник Андриј Аксонов беше избран во укринскиот Парламент во април 2021 година за партијата Порјадок (Ред). Но, неговиот избор предизвика контроверзии бидејќи истражните извештаи во 2017 година открија дека тој можеби има руско државјанство. Ниту еден од петмината мажи јавно не одговори на потегот со кој им беа одземени мандатите.