Меѓународна потерница денеска распиша полицијата по затвореникот Мемети Беким кој вчера побегна од затвор. Тој додека бил пренесуван од затворот во Идризово кон болница пукал во затворски полицаец и побегнал. Управата за извршување на санкции, соопшти дека синоќа околу 23:20 часот при спровод на 36 годишниот затвореник од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пумпа на Лукоил, службено возило било пресретнато од возило марка „ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот.
„Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот. Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „ауди”. Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје“, појаснуваат од Управата за издржување на санкции.
Видете и ова: Има подобрувања, но условите во затворите сè уште лошиЗатвореникот бил во Идризово две години, а осуден е за две кривични дела, убиство и продавање на дрога. Затворската казна требало да му истече дури во 2040 година. Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување. Полицијата трага и по соучесниците во бегството на 36 годишниот тетовченец.