Разбиен синџир за трговија со органи во Пакистан

Илустрација

Илустрација

Пакистанската полиција разбила синџир за трговија со органи откога исчезнато 14-годишно момче било пронајдено во подземна лабораторија откако му бил отстранет бубрегот. Приведени се 6 луше. Полицијата соопшти дека приведениот биле одговорни за привлекување млади, ранливи жртви со ветувања за профитабилни работни места и големи исплати пред да им ги извади органите - главно бубрезите - за да ги продаде за до 900.000 рупии односно 4.000 долари.

„Дури откако ги следевме доказите и наводите, откривме дека зад исчезнувањето на момчето стои операција за трговија со органи“, изјави за новинската агенција Франс прес Рехан Анџум, портпарол на полицијата во Пенџаб.

Жртвите на бандата биле однесени во лабораторија за медицинско тестирање што се користи за тајни операции за трансплантација на органи во гарнизонскиот град Равалпинди, во близина на главниот град Исламабад.

„Момчето ни кажа дека кога се разбудил имало Арап на носилки до него, па мислиме дека повеќето клиенти биле странци“, изјави Анџум.

Видете и ова: Истрага за сомнителни трансплантации на бубрези во КБЦ Загреб


Обектите каде се спроведувале такви тајни операции во Пакистан често немаат соодветна медицинска опрема и стандарди, а познато е дека пациентите умираат од компликации како резултат на тоа.

„Јас сум само благодарен што полицијата го најде жив,“ изјави таткото на момчето за Франс прес во Лахоре, од каде што момчето исчезна.

Полицијата соопшти дека лекарите и хирурзите вклучени во операцијата не биле пронајдени.

Во Пакистан од 2010 година трговијата со човечки органи се казнува со најмалку 10 години затворска казна и парични казни со надеж дека ќе ја ограничи продажбата на органи на богати клиенти во странство од страна на посредници преку експлоататорски средства.