„Магнамехатроникс“ ќе инвестира 40 милиони евра во ТИРЗ Штип

Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ

Во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип ќе биде отворена нова фабрика, инвестиција на компанијата „Магнамехатроникс“ која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти. Ова е прва инвестиција во државава годинава, од околу 40 милиони евра, а според деловниот план, предвидени се најмалку 600 работни места. Според премиерот Димитар Ковачевски, трендот се повеќе странски компании да отвораат свои фабрики овде во земјава е од голема помош и тоа ќе донесе економски раст и напредок на земјата, раст на платите и пензиите а сето тоа позитивно ќе се одрази на квалитетот на животот на граѓаните.

Економијата блеска само кога си на власт

„Спроведеното истражување на потенцијални локации за отворање на нова фабрика во Европа опфати повеќе држави, но компанијата одлучи за инвестирање и отворање фабрика да ја избере Северна Македонија, на понуденоата локација во Технолошко-индустриската развоја зона во Штип“, рече Ковачевски на денешната прес-конференција. Премиерот информираше дека по отворањето на фабрика во ТИРЗ Струга, за производство на ретровизори и други технолошки продукти за автомобилската индустрија, каде според бизнис планот на компанијата ќе се вработат илјада луѓе, во ТИРЗ Штип компанијата ќе отвори нова фабрика каде производстовото се планира да започне годинава, а сериското производство ќе започне во првата половина од 2024 година. Според деловниот план, инвестицијата во ТИРЗ Штип предвидува најмалку 600 работни места, а Деспотовски очекува бројката да биде поголема.