Курти: средбите во Брисел со Вучиќ треба да се одржуваат секој месец

косовскиот премиер Албин Курти

Состаноците во Брисел треба да се одржуваат секој месец, изјави косовскиот премиер Албин Курти, говорејќи за приштинските медиуми за дијалогот Косово-Србија и можноста за средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. „Во минатата година, на 18 август, се договоривме во Брисел да се среќаваме секој месец, во септември тоа не се случи, туку дојде француско-германски предлог, кој го нарекуваме предлог на Европската унија, кој беше поддржан од Франција и Германија и средбата беше до 21 ноември“, потсети Курти.

Шоле во Белград повика на дијалог за француско-германскиот предлог за Косово

Тој рече дека верува оти морале да имаат почести состаноци бидејќи несогласувањата се големи, а довербата е мала, но не знае точно зошто се случило тоа. „Сепак, се надевам дека оваа година ќе има поголема посветеност од меѓународната заедница, особено од Европската Унија и Соединетите Американски Држави, за да се изврши поголем притисок врз Белград“, рече Курти.