НАТО ќе премести извидувачки авиони од Германија во Романија

Авион за набљудување на системот за воздушно предупредување и контрола (AWACS)

НАТО преместува неколку од своите набљудувачки авиони кои моментално се стационирани во Германија во Романија, каде што ќе бидат поблиску до војната на Русија против Украина. „Авионите за набљудување на системот за воздушно предупредување и контрола (AWACS) треба да пристигнат во Букурешт во вторник „за да го поддржат засиленото присуство на алијансата во регионот и да ја следат руската воена активност“, се вели во денешното соопштение на НАТО.

НАТО формира борбена група во централна Романија

Авионите AWACS, кои вообичаено се сместени во близина на Ахен во западна Германија, ќе бидат стационирани во базата на романските воздухопловни сили во Отопени во близина на Букурешт, на околу 200 километри од источната граница на ЕУ и НАТО со Украина, и ќе останат таму неколку недели.