ФБИ и достави на Црна Гора заклучоци за сајбер нападите во таа земја

Експерти на ФБИ до црногорските институции доставиле извештај за сајбер напади врз владини системи

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) ја заврши анализата на сајбер нападите што ја зафатија државната инфраструктура на Црна Гора во август минатата година. Експерти на ФБИ до црногорските институции доставиле извештај за сајбер напади врз владини системи, соопшти Управата на полицијата по средбата на директорот Зоран Брѓанин со претставници на ФБИ и Амбасадата на Соединетите држави во Подгорица. „Извештајот на ФБИ претставува исклучително вреден материјал за полицискиот оддел и значително ќе придонесе за понатамошна истрага на сајбер нападите“, беше објавено по состанокот. Сајбер нападите врз владините институции започнаа на 22 август минатата година, кога пристапот на веб-страниците и електронските пораки на речиси сите министерства и институции.

НАТО: Русија стои зад сајбер-нападот врз Владата на Црна Гора

Блокирана е електронската комуникација на обвинителствата, судовите, катастарот, Управата за приходи и Царина и други институции. Неколку дена по нападот, Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за РСЕ изјави дека руските служби стојат зад моќниот сајбер напад врз целата информативна структура на Владата на Црна Гора. Меѓутоа, Владата тогаш не можеше да ја потврди или негира оваа информација. Министерството за јавна администрација тогаш објави дека зад нападот стои криминалната група Cuba ransomware. Беше прецизирано дека се работи за програма, која го ограничува или заклучува компјутерот и ги шифрира податоците, а потоа бара откуп за нивно безбедно враќање.

Експерти на ФБИ ќе го испитуваат масовниот кибер напад во Црна Гора

Помал дел од компјутерите и официјалните мејлови сè уште не се во функција бидејќи за вклучувањето, како што претходно беше најавено, потребна е детална анализаУправата на црногорската полиција не ги соопшти детално наодите од истрагата на ФБИ. Американски експерти на ФБИ пристигнаа во Црна Гора во септември минатата година за да ги поддржат државните органи во откривањето, анализирањето и санирањето на последиците од масовниот и координиран сајбер напад врз владината информациска и телекомуникациска структура (ИТ) и нејзините служби. Владата на Црна Гора не објави колкава е вкупната штета од сајбер нападите.