Кол центри од Србија и други земји продавале лажни криптовалути

илустрација

Европол објави дека полициските и судските власти од Србија, Бугарија, Кипар и Германија, со поддршка на Европол и Евроџаст, покренале истрага против организирани криминални групи вклучени во онлајн инвестициска измама. Оваа криминална мрежа, која се состои од неколку различни криминални групи кои работат преку центри за повици, намамила жртви, главно од Германија, да инвестираат големи суми пари во лажни шеми за криптовалути, се наведува на соопштението на Европол.

Бугарија ја истражува работата на платформата за криптовалути Нексо

Во рамки на акцијата уапсени се 15 лица, од кои 14 во Србија и едно во Германија, а сослушани се 261 лице, од кои дел се кривично гонети (42 во Бугарија, двајца на Кипар, тројца во Германија и 214 во Србија). Исто така, претресени се 22 локации (пет во Бугарија, две во Кипар, 15 во Србија) од кои четири телефонски центри и 11 канцеларии во Србија, две канцеларии на Кипар, две компании и три канцеларии во Бугарија. Одземени се три онлајн паричници со околу еден милион долари криптовалути и околу 50.000 евра готовина, три возила, електронска опрема и резервни копии од податоци, како и документација.

Покрената истрага против жена и маж од Скопје - со криптовалути набавувале дрога

Во моментов се проценува дека финансиската штета на германските жртви е повеќе од два милиона евра, а жртви има и во други земји како Швајцарија, Австралија и Канада. Истрагата сугерира дека бројот на непријавени случаи е веројатно многу поголем, што би значело дека нелегалната добивка од криминалните групи би можела да изнесува стотици милиони евра, наведува Европол.