Времето денеска: сончево со мала до умерена облачност

Наутро со услови за слаба магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно со слаб ветер од северозападен правец. Попладне облачноста ќе се намалува. Дневната температура ќе се движи од 2 до 12 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 8 степени.