Заменик шефот на мисија од Амбасадата на САД, Ерик Мејер и шведската амбасадорка во земјава Ами Ларсон, порачаа дека Македонија мора посериозно да се зафати со решавање на проблемот со корупцијата и имплементација на законите. Тие беа дел од на тркалезната маса „Западен Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија- членка на Европската Унија до 2030 година”, организирана од македонскиот Совет на Амбасадори.
Мејер истакна дека Северна Македонија има докажано дека припаѓа на меѓународните сојузи дека нејзината иднина е во ЕУ, ама во однос на домашните реформи за криминал и корупција, посочи дека е потребен значителен напредок и треба да се надминат одредени предизвици.
„Амбасадата на САД беше искрена и отворена во врска со предизвиците и недостатоците. Лидерството на Северна Македонија е тоа кое што треба да го направи потребните реформи, странските амбасади не се. Институциите и судството мора да функционираат независно и транспарентно, а тоа сега не го прават“, посочи тој.
Видете и ова: Шоле бара борба против корупцијата, но не донесе листа на санкцииШведска амбасадорка, Ами Ларсон, истакна дека корупцијата врши ерозија на општеството и демократијата со тоа што ја поткопува довербата во институциите. Притоа побара земјава да направи многу повеќе за да покаже ефективност во спроведувањето на законите.
„Заради тоа и ова претставува главен услов за членувањето во Европска Унија. Северна Македонија имаше добар почеток со скринингот што започна минатата година и го држи темпото со реформите. Забележан е напредок во многу области, но, сепак, треба да се направи многу повеќе за да се покаже ефективноста во спроведувањето на законите“, посочи таа.
На тркалезната маса учествуваше и вицепремиерката Славица Грковска, која истакна дека организирано и со квалитетни системски мерки можеме да создадеме ефикасен механизам за справување со корупцијата.
Видете и ова: Корупцијата годишно „јаде “ по еден нов Клинички центарНивото на корупција во земјава е проблем кој редовно го споменува и Брисел, во време кога почнаа преговорите на Македонија за влез во Унијата. И Вашингтон лани ја прошири т.н. црна листа со случаи со корупција при што од Македонија беа ставени поранешниот македонски премиер Никола Груевски и поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, а има најави и за нејзино ново проширување.