Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека сите капацитети за производство на електрична енергија во државата се во функција и работат, поради што нема да има рестрикции. Тој уверува дека граѓаните треба да бидат спокојни бидејќи цената нема да се зголемува.
„Успеавме да ги ангажираме сите капацитети за домашно производство на електрична енргија, а цената на струјата не се зголемува. Ефектите од нашата посветеност да се справиме со кризата, се сигурна и стабилна испорака на струја до сите во државата“, нагласи Ковачевски.
Премиерот додаде дека РЕК Битола работи со полн капацитет, со сите три блока, а во функција се и РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост.
Видете и ова: Нови 150 мегавати од обновливи извори, сончевите централи ќе мора да инвестираат и во батерииГенералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски истакна дека со сите капацитети вклучени на мрежа дневното производство се приближува на 20 000 мегават часови.
„Овој тренд на зголемување е приближно на производството во најдобрите времиња на РЕК Битола и ЕСМ и кога постројките беа понови. Со ваквото дневно производство го задоволуваме потребниот конзум за сите“, изјави Ковачевски.
Изминатото деноноќие се произведени 19.629 мегават часови и немашло увоз на електрична енергија од странство. Од јануари 2022 струјата поскапе за речиси 10 отсто и се укина дневната евтина тарифа, а цената на парното за 14 проценти.