Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Кабул во кој загинаа пет лица

Припадник на талибанските безбедносни сили стои на блокиран пат по самоубиствената експлозија во близина на Министерството за надворешни работи во Кабул

Терористичката група Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во кој загинаа десетина лица во близина на Министерството за надворешни работи во Кабул, главниот град на Авганистан. Исламската држава во соопштението наведе дека лицето идентификувано како Хајбер ал-Кандахари го активирало својот експлозивен елек за време на состанокот на вработените во министерството, токму во моментот кога чуварите излегувале од главниот влез на зградата. Засега нема одговор од авганистанските талибански власти на тврдењата на Исламската држава.

Експлозија во близина на МНР во Кабул, најмалку 20 загинати

Медиумите објавија дека нападот се случил додека се одржувал курс наменет за дипломати. Регионалниот огранок на екстремистичката вооружена група Исламска држава ги засили нападите откако Талибанците ја презедоа власта во Авганистан во 2021 година. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот на 1 јануари годинава во Кабул, во близина на контролен пункт на аеродромот, во кој загинаа и беа ранети неколку луѓе.