Високиот американски дипломат Дерек Шоле, кој оваа недела е во посета на Балканот рече дека разговорите за нормализација меѓу Приштина и Белград достигнаа „критичен момент“ и дека е време да се прекине дипломатската стагнација. Шоле, по вчерашните разговори во Приштина со косовскиот премиер Албин изјави дека Соединетите држави се подготвени да потрошат „дипломатска енергија“ за „сеопфатен договор за нормализирани односи, фокусиран врз взаемно признавање“. „Мислам дека е време да се зафатиме со работата“, рече тој, додавајќи: „Ние веруваме дека владата на Косово треба да ја слави таа различност и треба да воспостави политики што ќе донесат успех на сите Косовари, без разлика на нивната етничка припадност“.
Курти - Ќе соработуваме со САД за нормализирање на односите со Србија
Притоа тој истакна дека Косово мора да ги исполни сите обврски од Договорот од Брисел вклучително и формирање на асоцијација на општини со мнозински жители Срби. „Ние веруваме дека здружението е итно прашање. Тоа е итно прашање на агендата на дијалогот. Тоа доби уште поголемо значење по неодамнешните настани на северот“, рече Шоле. Тензиите околу Косово беа зголемени минатиот месец кога етничките Срби поставија блокади на патиштата во северно Косово поради апсењето на поранешен полицаец етнички Србин.
Шоле: Северна Македонија е витален партнер на Западен Балкан
Шоле рече дека она што го слушнал во Приштина е „силна желба на косовската влада значајно да се вклучи во разговорите за нормализација. Неговата порака и до Приштина и до Белград е дека не треба да има провокативни дејствија и рече дека следната средба меѓу Курти и Вучиќ треба да се случи што е можно поскоро, но тој не даде датум. Шоле денеска ќе престојува во Белград, а претходно беше во Скопје.