Експлозија во близина на МНР во Кабул, најмалку 20 загинати

Авганистан

Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се ранети во самоубиствен напад во Кабул, јави Ројтерс.

Устад Фаридун, функционер на талибанското Министерство за информации, наводно објавил дека бомбаш самоубиец се разнел пред Министерството за надворешни работи во главниот град на Авганистан.

Според неговите информации, лице вооружено со експлозив се обидело да влезе во зградата на министерството, но не успеало.

Фотографиите од местото на настанот, чија автентичност ја потврдија талибанските власти, покажуваат тела на луѓе кои се убиени или ранети.

Најмалку 19 загинати во експлозија на танкер во тунел во Авганистан

Локалните медиуми објавија дека портпаролите на министерствата за надворешни работи и за внатрешни работи не одговориле веднаш на барањата за информации во врска со експлозијата во главниот град на Авганистан.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Ројтерс потсетува дека администрацијата на Авганистан, управувана од Талибанците, се соочила со бунт од милитантите на Исламската држава кои ги нападнаа клучните објекти во последните месеци, вклучително и руската и пакистанската амбасада и канцеларијата на поранешниот премиер.