ЕУ: Грција и Малта заостануваат во санкционирањето на руските средства

Грција и Малта заостануваат зад другите земји во Европската унија во замрзнувањето на руските средства санкционирани поради војната на Москва против Украина, се наведува во документ на Унијата која размислува за конфискација на руските средствата за да му се дадат како помош на Киев. 27-те земји на ЕУ досега пријавија замрзнување на околу 20,3 милијарди евра санкционирани руски средства, при што Италија, Ирска, Франција, Шпанија, Германија, Белгија, Луксембург и Австрија секоја од нив известија за акции во вкупна вредност од над милијарда евра.

Борел: санкциите се успешни во отежнувањето на Русија да ја финансира војната

Речиси секоја втора земја на ЕУ има замрзнато имот во вредност од милиони, се вели во документот на извршната Европска комисија на ЕУ, што го виде Ројтерс. За споредба, Грција го известила блокот само за замрзнување на имотот во вредност од 212.000 евра, а Малта 147.000 евра. „Тоа е малку изненадувачки. Или немаат многу, или не си ја вршат работата“, “, рече претставник на ЕУ, кој зборуваше под услов да остане анонимен. Грција и Малта не одговорија веднаш на барањето за коментар. Повеќе од 10 месеци од рускиот напад врз Украина, ЕУ во моментов на црната листа има околу 1.300 поединци и 120 ентитети, како и економски санкции кои вклучуваат трговија, транспорт, енергија, банкарство, медиуми и одбранбен сектор.