Руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова и нејзиниот украински колега Дмитро Лубинец се состанаа денеска во турскиот главен град Анкара на разговори кои се очекува да се фокусираат врз хуманитарната помош. Москалкова на апликацијата за пораки Телеграм изјави дека со нејзиниот украински колега разговарала за обезбедување хуманитарна помош за граѓаните на двете земји.
„Остануваме луѓе“: собирање на тела на руски војници за размена за мртви Украинци
Разговорите, исто така, биле посветени на можноста за понатамошна размена на воени заробеници. Русија и Украина спроведоа бројни размени на затвореници - последната во неделата - во текот на војната, која сега е во својот 11-ти месец. Во меѓувреме, во источна Украина беснее битката за Соледар, при што руската платеничка групација Вагнер тврди дека ја презела контролата врз градот и оти нејзините борци се бореле со последните сили на украинскиот отпор.