На средбата меѓу лидерите на албанските политички партии во Северна Македонија со премиерот на Албанија Еди Рама која се одржа синоќа во Тирана, како што изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека Северна Македонија и Албанија имаат заедничка иднина во Европската Унија, но и заеднички предизвици кои ги очекуваат двете земји во овој период. Тој додаде дека мора да се спречи заминувањето на младите од Македонија и од Албанија во европските земји и оти стандардите на двете земји треба да се усогласат со оние на земјите од ЕУ. Ахмети оцени и дека уставните измени нема да му наштетат на македонскиот идентитет, туку, напротив, дека ќе го зајакнат.
Рама им наздрави на гостите од Македонија - Нека биде добра година за Албанците каде и да се
Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари исто така изјави дека на средбата се разговарало за предизвиците кои ги очекуваат Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ. Според Таравари, нема партија од албанскиот блок во Северна Македонија која е против интеграција на земјата во Европската Унија, односно дека партиите на Албанците се „за“ најавените уставни измени. Лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи пак изјави дека освен за заедничката иднина на двете земји во ЕУ, на средбата не се разговарало за ништо поконкретно.
Лидерите на албанските партии во Македонија на средба со Рама во Тирана
Средбата на лидерите на партиите од албанскиот блок во Македонија беше иницирана од премиерот на Албанија Еди Рама. На средбата беа присутни лидерите на сите политички партии на Албанците во земјава освен првиот човек на Беса, Билал Касами, кој, иако беше поканет не присуствуваше на средбата. Македонија и Албанија во пакет на 19 јули 2022 започнаа преговори за влез во Европската унија, но македонското Собрание треба да донесе уставни измени и да ги внесе Бугарите во Уставот за да почне отворањето на поглавја во преговорите со ЕУ.