Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на 10 јануари дојде во ненадејна посета на источниот украински град Харкив. Таа вети дека ќе испрати повеќе оружје за Украина. Нејзиното ветување доаѓа на помалку од една недела откако Берлин вети дека ќе испрати борбени возила кои Украина ги бараше.
Во истовреме со веста дека таа е во ненајавената посета, украинскиот претседател Володимир Зеленски телефонски разговараше со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за да упати уште еден итен апел до европските сили да испратат оружје.
Посетата на Бербок на Харкив дојде откако Украина објави жестоки борби во источниот регион Доњецк. Таа вети повеќе оружје за време на нејзината посета на Харкив, но не прецизираше кое.
Германија и Вашингтон минатата недела ветија дека ќе испратат борбени возила во Украина. Германија, исто така, рече дека ќе им се придружи на Соединетите Држави и дека и тие ќе испратат системи за воздушна одбрана „Патриот“ на Украина.
Бербок ја изрази поддршката и солидарноста на Германија со Украинците кои се справуваат со руската инвазија и суровите зимски услови.
„Овој град е симбол на апсолутното лудило на руската агресивна војна во Украина и на бескрајното страдање со кое луѓето, особено овде на истокот на земјата, се соочуваат секој ден“, рече таа.