Собранието доби нова пратеничка, Рамчиловиќ оди во амбасадори

Македонскиот парламент.

Во Собранието денеска беше верификуван мандатот на новата пратеничка Даниела Стојановска – Пановска од СДСМ. Таа е од Изборнта единица 3 и досега била професорка во средно училиште.

Стојановска - Пановска доаѓа на местото на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, кој е именуван за амбасадор во Црна Гора.

Пред Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања да го и верификуваат мандатот на новата пратеничка, тоа го направи и Државната изборна комисија.

Рамчиловиќ беше дел од осумтемина Независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои во јануари 2019 гласаа за промена на Уставот со кој државата стана Северна Македонија.

Видете и ова: Рамчиловиќ е избран за нов потпретседател на Собранието

Тој во ноември 2019 стана потпретседател на Собранието и на таа функција остана неполни осум месеци.

Потоа на парламентарните избори во 2020 се најде на листата на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 3.