Зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот во Кина не треба да има „значително“ влијание врз Европа, бидејќи варијантите што циркулираат таму веќе се присутни во европскиот регион, соопшти денеска Светската здравствена организација. „На се очекува сегашното зголемување во Кина да има значително влијание врз епидемиолошката состојба на ковид-19 во европскиот регион“, рече регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге на онлајн прес-конференција.
Кина го укина карантинот за патниците кои влегуваат во земјата
Тој ги повика европските земји да преземат само „соодветни и недискриминаторски“ мерки против патниците од Кина. Кинеските болници се преплавени од огромен пораст на случаи откако Пекинг почна да ги намалува строгите контроли што ја торпедираа економијата и предизвикаа протести низ целата земја.