Германскиот канцелар Олаф Шолц го осуди Иран за егзекуцијата на двајца демонстранти и апелираше до Техеран да се воздржи од понатамошни егзекуции.
На 7 јануари властите во Иран ги погубија 22-годишниот Мохамад Мехди Карами и 39-годишниот Сејед Мохамад Хосеини кои беа прогласени за виновни за смртта на припадниците на паравоените сили за време на протестите во Карај.
Шолц на Твитер изјави дека иранскиот режим ја користи смртната казна како средство за репресија.
Видете и ова: Иран осуди уште тројца на смртна казна поради протеститеПортпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Кристијан Вагнер, објави дека Германија го осудува Иран поради употребата на смртна казна против демонстрантите, пренесува Ројтерс.
Како што соопшти, целта на Германија е да го усогласи четвртиот пакет санкции против Иран со другите членки на Европската унија како одговор на репресијата на Техеран врз демонстрантите.
„Важно е да му покажеме на Иран дека ќе платат цена ако продолжат да се однесуваат на овој начин“, рече Вагнер на прес-конференција.
Тој повторно апелираше до Иран да се воздржи од понатамошни егзекуции и да ја укине смртната казна.