Украина тврди дека продолжува да ги спречува руските офанзиви на исток

Столбови чад се креваат од рускиот напад за време на 36-часовниот прекин на огнот за православниот Божиќ, прогласен од рускиот претседател Владимир Путин, додека рускиот напад врз Украина продолжува, од градот Бахмут, Украина, во Донбас на фронтот, на 7 јануари 2023 година.

Украина соопшти дека продолжува да ги одбива нападите на руските сили, предводени од платеничката група Вагнер, во источните градови Бахмут и Соледар, додека Киев предупредува дека Москва се подготвува за уште една голема офанзива во наредните недели.

Претседателот Володимир Зеленски во текот на ноќта во своето секојдневно обраќање рече дека украинските војници ги држат клучните позиции во услови на интензивни борби во Соледар каде што „работите се многу тешки“.

„Непријателот повторно направи очајнички обид да го нападне градот Соледар од различни правци и ги фрли во битка најпрофесионалните единици Вагнер“, соопшти денеска Министерството за одбрана на Телеграма, додавајќи дека руските сили „претрпеле значителни загуби“ во борбите и дека „уште еднаш“ се повлекле.

Видете и ова: Кремљ ги отфрли украинските тврдења дека Русија бара од Европа мировен договор

Тврдењата не можеа да бидат независно проверени.

Бахмут и Соледар се наоѓаат во областа Доњецк во источна Украина, за која Путин тврди дека ја анектирал.

Целосната контрола над Доњецк и на соседниот регион Луганск, таканаречениот Донбас, е главниот приоритет на Путин во оваа фаза од војната, велат аналитичарите.