За една година трошоците за живот се зголемиле за 14,2 отсто, додека цените на мало пораснале за 12,6 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Мало намалување на цените има споредено со минатиот месец декември, кога трошоците на животот биле повисоки за 0.2 проценти, а цените на мало се зголемиле за 0.7 отсто.
Во извештајот на ДЗС се вели дека движењето на индексот на трошоците на животот во 2022 година било различно кај одделни групи на потрошувачката.
Видете и ова: Џебот се испразни, нè чека тешка годинаПораст на индексите е забележан во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 20.9 проценти, потоа транспорт за 19.5 отсто, ресторани и хотели за 15.5 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 13.3 проценти, како и разновидни стоки и услуги за 8.9 отсто.
Во оваа група се мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата каде има зголемување за 8.6 отсто, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7.5 проценти, рекреација и култура за 4.9 отсто, здравје за 4.0 проценти, облека и обувки за 1.8, комуникации за 0.4 и образование за 0.3 проценти.
Во однос на движењето на индексот на цените на мало во 2022 година, пораст на индексите е забележан во сите групи:
Во индустриско-прехранбените производи има зголемување за 20.1 проценти, земјоделски производи за 16.0 отсто, индустриско-непрехранбени производи и тутун за 14.2 проценти, пијалоци и Услуги за 8.3 проценти.
Индексот на трошоците на животот во декември 2022 година, вo споредба со декември 2021 година, забележа пораст од 18.7 отсто, а индексот на цените на мало забележа пораст од 15.1 проценти.