Кремљ ги отфрли украинските тврдења дека Русија бара од Европа мировен договор

Дмитриј Песков

Кремљ денеска го отфрли украинското тврдење дека висок руски функционер изнел идеја за потенцијален мировен договор за Украина со европските претставници. Олексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, во четвртокот за јавниот радиодифузер на земјата изјави дека Дмитриј Козак, заменик-шеф на претседателската администрација на Русија, одржувал состаноци со европски претставници во обид да го принуди Киев да потпише, како што рече, мировен договор. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашањето за тврдењето на Данилов, рече дека тоа е „уште една лажна вест“.

Зеленски за американската воена помош – Прекрасен божиќен подарок

Германија ќе испорача 40 оклопни возила за украинската војска

Според Песков, испораките на оклопни возила и друго оружје за Украина, објавени во минатата недела од неколку западни земји, само ќе го „продолжат страдањето“ на Украинците и нема да го „променат“ балансот на силите. Во минатата недела САД најавија нова воена помош за Украина во вредност од над три милијарди долари. Берлин најави дека сака да испрати 40 оклопни возила на украинската армија во првиот квартал од 2023 година, како и системот за воздушна одбрана „Патриот“. Франција објави дека испраќа неодреден број лесни борбени тенкови AMX-10 RC.