Борбата против корупцијата ќе остане приоритет за Вашингтон и ќе покрене неколку прашања за време на посетата на советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, следната недела, порача денеска амбасадорката на Соединетите Држави во Македонија, Анџела Агелер.
На денешната заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, Агелар посочи дека ова ќе биде многу интензивна година за Македонија, додавајќи дека советникот Шоле со неговата посета ќе ги потврди заложбите и поддршката на САД за Северна Македонија.
„Со Шоле ќе се дискутираат заедничките приоритети, а борба со корупцијата ќе остане приоритетот за Вашингтон и ќе покрене неколку прашања за време на неговата посета оваа недела. Оваа, 2023 ќе биде една многу интензивна година за вас, а тој ќе ги потврди заложбите и подршката на САД на секој можен начин“, рече Агелер во одговор на новинарско прашање.
Видете и ова: Османи ќе ги претстави приоритетите на македонското претседавање со А5Во однос на прашањето дали разговарал за резултатите од истражувањето на американскиот тим кој пристигна во Скопје да истражува корупција кај поранешни, но и кај актуелни функционери, министерот Османи рече дека рамката, која што ги дефинира односите помеѓу САД и Северна Македонија е стратешкиот дијалог и акцискиот план кој, како што рече, треба да биде усвоен од Владата во наредните денови.
Османи вели дека еден од инструментите на САД, во договорена рамка со Скопје, во борбата против корупцијата, ќе биде проширувањето на црната листа за санкционирање.
„Стратешки дијалог со САД е рамка за заедничка соработка и во делот на борбата со корупцијата, тоа е договорена платформа и секоја нивна поддршка е добредојдена. На нив е да видиме како ќе ја дадат таа поддршка. До сега беше со експертска обука и најава има сега за листа на санцкии и тоа е во рамки на договорена соработка и во интерес на правото на Северна Македонија“, изјави шефот на македонската дипломатија.
Инаку советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле во среда пристигнува во Македонија, соопшти американскиот Стејт департмент. Според соопштението, тој пристигнува во Скопје со посебна меѓуагенциска делегација, која ќе се сретне со владини претставници на разговори за низа прашања, вклучително енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.
Освен како актуелен претседавач со Јадранската повелба (А5), од први јануари Северна Македонија го презеде и претседавањето со ОБСЕ. Претседавањето се случува во време кога светот повторно се соочува со руската инвазија во Украина, а токму конфликтот во Украина и намалување на последиците од кризата ќе имаат централно место во агендата на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.