Министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир и нареди на полицијата да го отстрани секое палестинско знаме истакнато на јавни места. Тој доцна синоќа оцени дека е незамисливо „оние кои го прекршуваат законот да веат терористички знамиња и да поттикнуваат тероризам“, пренесоа израелските медиуми. „Дадов инструкции да се отстранат знамињата што го поддржуваат тероризмот од јавни места и да се запре поттикнувањето против државата Израел. Слободата на изразување не значи идентификување со терорист и оние кои сакаат да ги повредат војниците на Израелските одбранбени сили“, рече израелски министер.
Инструкциите дојдоа додека палестинските знамиња се вееја на протестот против новата израелска влада во Тел Авив во саботата вечерта. Според израелскиот закон, не е незаконски да се истакнуваат палестински знамиња, но полицијата има право да преземе мерки за да го зачува јавниот ред. Израелските медиуми јавуваат дека полицијата не е сигурна дека има законска основа да ја следи инструкцијата дадена од ултранационалистичкиот министер.