Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска пред амбасадорите на земјите - членки и набљудувачи на САД – Јадранската повелба (САД, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Косово, Србија и Словенија), ќе ги претстави приоритетите и целите на Република Северна Македонија за време на претседавањето со Повелбата во 2023 година.
Северна Македонијa го презема претседавањето со ОБСЕ
Согласно агендата, најпрво ќе се одржи работен состанок со амбасадорите на САД – Јадранската повелба, а потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министерот Османи и амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, за претседавањето со А5.