„Продолжуваме со промената“ ќе го врати вториот мандат за формирање влада во Бугарија

Николај Денков во преговори за нова влада

Бугарската политичка партија „Продолжуваме со промената“ денеска ќе го врати неисполнетиот втор мандат за формирање влада. Вториот мандат му беше врачен на Николај Денков на 3 јануари. Од „Продолжуваме со промената“ уште пред да го добијат мандатот изјавија дека ќе го вратат исполнет доколку политичките сили застапени во парламентот се обединат околу приоритетните цели за државата. Во нацрт-декларацијата беа формулирани четири приоритети. Од „БСП за Бугарија“ се изјаснија дека нема да го поддржат предложениот документ.

Во Бугарија сè поизвесни нови парламентарни избори

Претставниците на левицата, „Демократска Бугарија“ и „Бугарски подем“ одговорија на средбата на покана на „Продолжуваме со промената“. Кандидатот за премиер Николај Денков најави дека проблемите главно се поврзани со односот кон војната во Украина и позицијата на Бугарија во тој конфликт, како и со изборниот процес. Првиот мандат за формирање влада беше вратен од страна на кандидатот за премиер на ГЕРБ-СДС, Николај Габровски. На отворањето на новата собраниска седница најголем дел од политичките сили во Бугарија изразија очекување дека со третиот мандат ќе се формира влада.