Во судир на два автобуси во Сенегал загинаа 38 луѓе, а 87 се повредени, соопшти денеска противпожарната служба во земјата. Несреќата се случила ноќеска, во близина на градот Кафрин, на околу 250 километри југоисточно од главниот град Дакар.
Повредените се превезени во болница во Кафрин.
Автобусите се тргнати, а сообраќајот е пуштен.
Видете и ова: Загинаа 11 бебиња во пожар во болница во СенегалПретседателот на Сенегал Маки Сал на Твитер напиша дека е „многу ужален“ поради несреќата и прогласи тридневна жалости во земјата почнувајќи од утре.
Сообраќајните несреќи во Африка се чести, поради лошите патишта, лошо одржуваните возила и несоодветното возење.