Потпретседателот на ДУИ и еден од членовите на таканаречената „Огнена група“ во партијата Изет Меџити синоќа од Студеничани му порача на лидерот на партијата Али Ахмети дека го поддржуваат, но, како што посочи, „да не го гори јорганот за неколку болви“.
„Бараме рефлексија внатре во партиските органи, да се коригираме додека не нè коригираат граѓаните. Ние сме непоколебливи во поддршката за нашиот лидер Али Ахмети, но праќаме порака „да не гори јорганот за неколку болви“, напиша Меџити на „Фејсбук“.
Видете и ова: „Огнените“ од ДУИ бараат освежување во владиниот тимНа средбата со граѓани во Студеничани присуствувале и Кастриот Реџепи, Блерим Беџети, Висар Ганиу, Невзат Бејта и Муса Џафери.
„Огнената група“ има забелешки на работата и функционирањето на партијата, особено на Артан Груби, поради што минатата година испрати писмо до лидерот на партијата. По ова Груби беше сменет од партиската функција – организациски секретар. Со средбата во Студеничани започнуваат средбите со граѓани и членови на ДУИ.