Неколку илјади луѓе се собраа денеска во Штрпце на Косово за да изразат незадоволство од ранувањето на двајца Срби, Стефан и Милош Стојановиќ, едниот на 11, а другиот на 21-годишна возраст.
Во пукање во селото Драјковце во општина Штрпце, со мнозинско српско население, тие беа ранети.
Настанот се случил на 6 јануари, кога било пукано од автомобил кој се движел од Штрпце кон Урошевац. Како што соопшти полицијата, автомобилот се оддалечил од местото на настанот. Осомничениот А.К. (33) потоа бил уапсен.
Видете и ова: ЕУ го осуди нападот кај Штрпце и повика на истрага, напаѓачот уапсенПротестот го најави Далибор Јевтиќ, градоначалник на општина Штрпце и потпретседател на Српската листа, најголемата партија на косовските Срби, која има поддршка од Белград.
На протестот, освен жители на Штрпце, дошле и Срби од останатите делови на Косово, но и од Србија.
Присуствуваат политичките лидери на косовските Срби.
Граѓаните носат транспаренти на кои пишува „Косовска Каменица е со браќата од Штрпце“, „Курти, нема да ти ги простиме децата“, „Стефане, срце српско јуначко“, „Пукањето во Стефан и Милош е пукање во срцето на Србија“, „Европо, за што се виновни нашите деца“...
На влезовите во Штрпце има повеќе патроли на косовската полиција и КФОР.
Осомничениот за пукањето бил дел од Косовските безбедносни сили. Обвинителството бара притвор.
Косовските власти и претставници на меѓународната заедница го осудија инцидентот.
Видете и ова: Две лица се ранети кај Штрпце - напаѓачот е уапсен