Американската полиција денеска привела шестгодишно момче откако пукало во учителката во сојузната држава Вирџинија и ѝ нанело повреди опасни по живот.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил во основното училиште во градот Њупорт Њуз после расправија, но нејасно е од каде му е пиштолот на детето, пренесува Би Би Си.
Видете и ова: Повеќе жртви при пукање во продавница на Волмарт во САДНадлежните наведуваат дека училиштето со околу 550 ученици има детектори за метал, но дека не се проверува секое дете, туку тоа се прави по случаен избор.
Њупорт Њуз е град со околу 180 илјади жители и се наоѓа на 112 километри јужно од Ричмонд, главниот град на Вирџинија.