Се урна кров на станбена зграда во Египет, најмалку двајца загинати

Поглед на Александрија

Најмалку две лица загинаа утринава во градот Александрија во Египет, кога се урна покривот на трикатна станбена зграда.

Едно лице е повредено, а причината за несреќата сè уште е непозната, објави египетската новинска агенција МЕНА.

Видете и ова: Руски авион со над 200 патници се урна во Египет

Жртвите биле во сервис за електронска опрема во зградата кога се урнал кровот, наведува агенцијата, повикувајќи се на неименувани извори.

Уривањето згради е честа појава во Египет, и главно е последица на нелегалната градба и неодржување на зградите, посебно во сиромашните населби.