Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек изјави дека Германија треба да ги испрати сите оперативни пешадиски возила Мардер во Украина, објави Ројтерс.
Хабек го изјави ова за време на посетата на Норвешка, одговарајќи на прашања на новинарите еден ден откако Германија објави дека ќе донира на Украина оклопни борбени возила од германско производство како дел од воената поддршка за да и помогне на Украина да ги одбие нападите на руската армија.
Политиката на официјален Берлин во однос на испораката на оружје доби пресврт по неколкумесечните апели на украинскиот претседател Володимир Зеленски за поголема поддршка во оружјето.
Западните сојузници ќе и обезбедат на Украина оклопни возила
Портпаролот на германската влада, Штефен Хебестрајт, во изјава на 6 јануари прецизираше дека бројот на оклопни возила што Германија ќе ги испрати во Украина ќе биде околу четириесет.
„Што се однесува до Мардер, сакаме да испратиме баталјон составен од приближно 40 возила. Тие 40 возила треба да бидат готови во првиот квартал, а потоа да и бидат предадени на Украина. Експертите велат дека обуката ќе трае околу осум недели“, рече Хибстрајт на прес-конференција во Берлин.
Тој додаде дека обуката на украинските војници ќе се одвива во Германија.
Хебестрајт наведе и дека одлуката за испраќање оклопни возила во Украина „не паднала од небо“.
„Ваквите подготовки бараат време. Значи, пред сè, многу добра одлука е меѓународната заедница да дејствува во тесна соработка и синхронизирано“, рече Хиберстрајт.
Претходно францускиот претседател Емануел Макрон најави дека Франција ќе ги испрати првите оклопни борбени возила во Украина, а помош најави и американскиот претседател Џо Бајден кој рече дека САД размислуваат да испратат свои оклопни возила за да им помогнат на украинските сили.