Ограничувања на потрошувачката на енергија во Украина

Илустрација

Украинскиот државен енергетски оператор, Укренерго воведе ограничувања за потрошувачката на енергија низ целата земја, наведувајќи го претстојното студено време како причина.

Во соопштението на Укренегро се вели дека ограничувањето ќе биде на сила секој ден помеѓу 8:00 и 23:00 часот, предупредувајќи дека надминувањето на ограничувањата за потрошувачка на енергија ќе доведе до итни исклучувања.

Нуклеарката Запорожје е исклучена од мрежата поради руско гранатирање

Олдуката доаѓа во услови кога Украина продолжува да практикува планирани и итни прекини на електрична енергија поради тековното руско гранатирање на енергетската инфраструктура на земјата, што оштети клучни делови од енергетскиот систем на земјата, пренесува украинскиот сервис на РСЕ.