Со доволни грижа и посветеност да ги сакаме и да ги почитуваме: Татковината, историјата, културата, јазикот и сета свештена и национална оставнина од нашите предци. А, во овие времиња-невремиња, во коишто владеат бројни искушенија и предизвици, да се покажеме доследни следбеници на Христа новородениот – како мирољупци и миротворци, како богољупци и човекољупци, наведува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан во своето божиќно послание по повод големиот христијански празник Божиќ.
Православните христијани го слават Бадник - почнаа бадниковите поворки
Во неговата порака по повод Божиќ се осврна и на признавањето на автокефалноста на МПЦ, нагласувајќи дека е исправена вековната неправда кон неа. Честитајќи го празникот, го истакна и значењето на Бадник како голем христијански празник.
„Постојано слушаме за немири, за меѓучовечки конфликти, за судири и за војни, чиј извор се алчноста и злите желби на човекот да го одземе и да го завладее туѓото. Но, да не заборавиме дека единствената војна што треба да ја водиме е војната против гревот и против страстите. Само на тој начин ќе можеме да стекнеме вистински мир, мир што го надвишува секој ум6, мир што извира од Миротворецот“, порача Архиепископот охридски и македонски.
Православните христијански верници во државава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ.