Воз со припадници на руската армија и воена опрема пристигна во Белорусија, соопшти белоруското Министерство за одбрана на 6 декември, пренесе Ројтерс.
Властите во Минск, во четврток на 5 декември соопштија дека ќе добијат повеќе оружје и воена опрема од Русија со цел зајакнување на воената соработка меѓу двете земји.
Ова предизвика загриженост на Западот дека Белорусија може да се искористи како почетна точка за напад врз Украина од север.
Рускиот претседател Владимир Путин го посети Минск на 19 декември 2022 година, каде што се сретна со украинскиот претседател Александар Лукашенко.
Путин тогаш рече дека разговарал со Лукашенко за формирање на „обединет одбранбен простор“ во регионот, но ги отфрли тврдењата дека Москва сака да го анектира својот западен сосед.
Белоруските мајки се обидуваат да ги „сокријат децата“
Лукашенко тогаш изјави дека се договорени и заеднички воени вежби.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Украина „се подготвува за сите можни“ случувања, вклучително и напад од белоруска територија.
Белорусија не е директен учесник во војната во Украина, но обезбеди логистичка поддршка за инвазијата на Москва која започна на 24 февруари, дозволувајќи им на руските сили да влезат во Украина преку белоруската граница.