Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот - Во Битола и Струмица прекинат прагот на алармирање

Илустрација

Скопје и утрово се разбуди со загаден воздух. Според страницата која го мери загадувањето во светот „IQAir“, градот денеска е меѓу десетте најзагадени во светот.

Скопје утрово има индекс од 177 и се наоѓа на десетата позиција, а пред него има неколку градови од Индија, Кина, Бангладеш и Босна.

Најзагадено е во Центар и Лисиче каде мерните станици покажуваат над 200 ПМ10 честички на метар кубен.

Респираторните инфекции во пораст, загадениот воздух им годи на вирусите

Во меѓувреме од Министерството за животна средина информираат дека во Битола и Струмица престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање за загаденоста на воздухот бидејќи среднодневните концентрации на ПМ10 честичките се под дефинираниот праг на алармирање.

„Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 5.01.2023 година, среднодневните концентрации на ПМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Битола и Струмица и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање“, стои во соопштението од Министерството за животна средина.