Претставничкиот дом на Конгресот на Соединетите Американски Држави денеска повторно ќе се обиде да избере претседавач и на тој начин да излезе од ќорсокакот во кој го втурнаа поделбите во редовите на Републиканската партија.
Седницата ќе продолжи денеска во 12 часот по локално време.
Фаворитот, републиканецот Кевин Мекарти, не беше избран ниту по три дена дискусија и 11 круга гласање. На Мекарти, од вкупно 435 членови, му требаат 218 гласа за да стане спикер.
Ова е првпат по повеќе од 100 години да не биде избран претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.
Републиканците освоија мнозинство во Претставничкиот дом на САД
Блокадата има конкретни последици бидејќи без неа членовите на Конгресот не можат да положат заклетва или да гласаат закони. Републиканската партија освои тесно мнозинство во Конгресот на парламентарните избори одржани во ноември минатата година.