Со борбите кои беснеат во делумно окупираната од Русија источна украинска област Доњецк, западните сојузници на Киев се чини дека се движат кон обезбедување напредни оклопни борбени возила за украинската војска. Во својот дневен брифинг за војната, украинската војска денеска соопшти дека повеќе од 800 руски војници биле убиени или ранети, главно во борбите околу градот Бахмут во регионот на Доњецк и други локации во регионот Доњецк. РСЕ не можеше независно да ги потврди бројките на украинската војска.
Украинската војска соопшти дека изминатиот ден убила 800 руски војници
Во услови на интензивни борби, американскиот претседател Џо Бајден вчера потврди дека Вашингтон размислува да испрати борбени возила Бредли во Украина. М2 Бредли е главното пешадиско борбено возило на американската војска од 1981 година. Се очекува Вашингтон да претстави нов пакет помош за Украина во наредните денови.
Франција ќе и даде борбени возила на Украина
Коментарот на Бајден дојде по телефонскиот разговор претходно во текот на денот меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон, по кој беше откриено дека Франција ќе и обезбеди лесни оклопни возила AMX-10 RC на Украина. Киев ги притиска западните влади за тешки оклопни возила, особено борбени тенкови Абрамс и германски Леопард од американско производство.