Шефот на НАТО предупредува да не се потценува Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека би било опасно да се потценат амбициите на Русија и на претседателот Владимир Путин во врска со војната во Украина.

Столтенберг смета дека НАТО мора да го зголеми производството на оружје

„Тие покажаа голема волја да толерираат загуби и страдања“, рече Столтенберг на деловна конференција во Норвешка, додавајќи: „Немаме индикации дека претседателот Путин ги променил своите планови и цели во Украина. Затоа е опасно да се потцени Русија“.