Иранските власти ја предупредија Франција дека ќе реагира на карикатурите на Хамнеи

Иранските власти ги предупредија властите во Франција дека ќе реагираат по објавувањето на „навредливите“ карикатури на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, во францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо. Неделникот објави неколку десетици карикатури на ајатолахот. Тие карикатури беа избрани на конкурсот што беше објавен во декември во светлина на протестите во Иран. „Навредливиот и непристоен чин на објавување карикатури против верските и политичките власти нема да помине без ефективен и цврст одговор“, напиша на Твитер иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан. „Шарли Ебдо“ во декември објави дека „меѓународниот натпревар за карикатура“ на Хамнеи има за цел да ги поддржи „Иранците кои се борат за својата слобода“.

Иран укина смртна казна на тројца демонстранти, на други двајца им ја потврди

Иран се соочува со бран протести по смртта на 22-годишната Махса Амини на 16 септември, откако беше уапсена од полицијата за морал во Техеран поради наводно прекршување на строгиот кодекс на облекување. „Тоа е наш начин да покажеме поддршка за иранските мажи и жени кои ги ризикуваат своите животи за да ја одбранат својата слобода од теократијата што ги угнетува од 1979 година“, напиша режисерот Лоран Сорисо, познат како Рис, во едиторијалот.

Осудени 14 лица за нападот на Шарли Ебдо во 2015

Шарли Ебдо објави карикатури во специјално издание за годишнината од терористичкиот напад во редакцијата на 7 јануари 2015 година. На 7 јануари 2015 година, браќата Шериф и Саид Куаши упаднаа во редакцијата на сатиричен весник во Париз, каде убија 11 новинари и карикатуристи, извикувајќи дека „го одмаздиле пророкот Мухамед“. Редакцијата на весникот оттогаш е преместена на непозната локација која наликува на, како што велат самите новинари, бункер со вооружено обезбедување и решетки на прозорците. Но, тогаш новинарите порачаа дека ќе продолжат со истата уредувачка политика, дека немаат табуа и дека „ништо не им е свето“.