Претставничкиот дом на САД, заглавен во хаотична битка за лидерство, вчера уште три пати ја отфрли кандидатурата на претставникот Кевин Мекарти да го води долниот дом на Конгресот, бидејќи група републиканци во партијата му пркосат на повикот на поранешниот претседател Доналд Трамп за единство. Мекарти, републиканец од Калифорнија не успеа во три последователни гласања за претседател на Претставничкиот дом.
Републиканецот Мич Меконел, лидер со најдолг стаж во историјата на американскиот Сенат
Претходниот ден тој ги загуби трите гласања, бидејќи приближно 20 републиканци од десното крило на партијата одбија да поддржат кандидат што го сметаа за идеолошки несигурен. Пратениците решение бараат зад затворени врати. Ова е за прв пат во последните 100 години претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес да не биде лесно избран.