Вучиќ: Американските инвестиции се многу важни за Србија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека американските инвестиции се многу важни за земјата и изрази уверување дека американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, ќе продолжи да и помага на Србија. На годишната прес-конференција во Палатата Србија, Вучиќ му се заблагодари на Хил за изјавата дека во 2023 година ќе има повеќе американски инвестиции бидејќи компаниите од САД „гледаат инспирација во она што се случува во Србија“. „За нас американските инвестиции се многу важни и се надевам и верувам во неговите зборови и сигурен сум дека ќе продолжи да и помага на Србија“, изјави Вучиќ. Тој му се заблагодари на Хил, кого го опиша како „врвен политичар и дипломат со кој не е лесно да се разговара“, и дека „сакал да ја слушне другата страна“ од бомбардирањето на Југославија во 1999 година.

Страднер: Руското влијание и ескалацијата меѓу Србија и Косово

Вучиќ, исто така оцени дека повиците од Европската унија за воведување санкции кон Русија, поради нејзината агресија врз Украина, се „брутално мешање во нашите внатрешни работи“. Зборувајќи за решението на косовскиот проблем, тој за косовскиот премиер Албин Курти рече дека тој е „детиште“ кое го создала меѓународната заедница и кое може да ги шамари сите“. „Се држиме до нашиот Устав, само тоа можам да кажам. За се друго сме подготвени да разговараме за безброј компромисни решенија, а не за понижување на Србија“, рече Вучиќ.