Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека испратил фрегата во Атлантскиот Океан вооружена со хиперсонични крстосувачки ракети Циркон. На видео-конференција со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и Игор Крохмал, командант на фрегата по име „Адмирал на флотата на Советскиот Сојуз Горшков“, Путин рече дека бродот е вооружен со хиперсонично оружје Циркон.
Кои се американските цели за руските ракети?
„Овој пат бродот е опремен со најновиот хиперсоничен ракетен систем – „Циркон“, рече Путин. Шојгу рече дека „Горшков“ ќе плови низ Атлантскиот и Индискиот океан, како и Средоземното Море.