Бајден ќе го прими јапонскиот премиер Кишида на 13 јануари

Јапонскиот премиер Кишида и американскиот претседател Бајден во Токио

Во првата половина на јануари, американскиот претседател Џо Бајден ќе му биде домаќин на јапонскиот премиер Фуми Кишида во Белата куќа, при што ќе се одржат економски и безбедносни консултации, објави Белата куќа. Прес секретарот на Белата куќа Карин Жан-Пјер синоќа изјави дека на состанокот на 13 јануари ќе се разговара и за нуклеарната и балистичка ракетна програма на Северна Кореја поради загриженоста за потенцијалот на земјата да изврши уште една нуклеарна проба. На дневен ред ќе бидат и економските теми, руската инвазија на Украина, климатските промени и стабилноста во Тајванскиот теснец.

Јапонскиот премиер најави јакнење на војската

„Претседателот Бајден ќе ја повтори својата целосна поддршка за неодамна објавената стратегија за национална безбедност на Јапонија, јапонското претседавање со Г7 и нејзиниот мандат како непостојана членка на Советот за безбедност на ОН“, рече Жан-Пјер. Таа додаде дека двајцата лидери ќе ја „слават“ силата на невидениот американско-јапонски сојуз и ќе постават курс за идно партнерство. Тие последен пат се сретнаа во ноември во Бали, Индонезија, за време на самитот на Групата 20 од најголемите светски економии.