Почина истакнатиот дисидент од советската ера Виктор Фајнберг

Чешка - Виктор Фаинберг кој е со руско потекло, е еден од десетте странски дисиденти кои беа наградени во Чешка со комеморативни медали Карел Крамар за нивните протести против окупацијата на Чехословачка во август 1968 година.

Истакнатиот руски дисидент од советската ера Виктор Фајнберг почина на 91-годишна возраст, соопштија денска неговите деца.

Фајнберг беше меѓу осумте дисиденти кои протестираа во Москва во август 1968 година против советската инвазија врз Чехословачка.

Како резултат на тоа сите тие беа брзо уапсени и страдаа со години во психијатриски клиники, егзил или затвори.

Советската армија и другите сили на Варшавскиот пакт добија наредба да влезат во Чехословачка за да ги скршат реформските напори насочени кон создавање „социјализам со човечки лик“.

Фајнберг емигрираше во Израел во 1974 година, а подоцна престојуваше во Франција.